„Практична магија 2“ го постигна најдобриот резултат на бокс офисот овој викенд во Северна Америка, дебитирајќи на првото место речиси три децении откако неговиот претходник од скромни почетоци стана култен фаворит.
Филмот „Практична магија 2“ (Practical Magic 2) го освои првото место на северноамериканските кино-благајни во својот прв викенд на прикажување, речиси три децении откако оригиналот од скромен киноуспех прерасна во култен филм со верна публика, пишува „Варјети“.
Сандра Булок и Никол Кидман повторно се заедно во филмот во „Практична магија 2“, продолжението на познатата комедија од 1998 година. Филмот почна да се прикажува во кината овој месец, 28 години по оригиналот. Булок и Кидман повторно ги играат сестрите Сали и Џилијан Овенс, ...