Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица одржа одделни средби со регистрирани откупувачи и со производители на пиперка, на кои се разговараше за тековниот откуп и предизвиците со кои се соочуваат двете страни.
Повисоки откупни цени на пиперката куртовска капија, исплата на ланските субвенции за ајварката и навремена исплата на предадените количини пиперка кај откупувачите и преработувачите побараа струмичките земјоделци на денешниот протест на крстосницата кај Робово.
Голем број на земјоделци денес се собраа на протест во струмичко Муртино, објави порталот Дрнка.МК. Велат дека за нив откупната цена од 25 денари за килограм црвена пиперка е неприфатлива и бараат помош од државата.