Пожарникарите во Франција и Шпанија и понатаму се борат против разорни шумски пожари досега невидени во современата историја. Ставањето на огнот под контрола го отежнуваат силни ветрови и високи температури. Истовремено, грчките пожарникари втор ден се борат со пожари на ...
Во пожарите во Франција изгореа 42.000 хектари површина. Уништени се цели села, како на пример Ле Порж. Пожарите уништија борова шума, принудувајќи околу 220.000 жители и туристи да се евакуираат од домовите и одморалиштата.
Европската Унија предупреди дека брзо расте ризикот од големи шумски пожари во Европа, а со пожарите што беснеат во Шпанија и во Франција со денови, постои можност да гори голем дел од континентот на почетокот од август.