Две лица загинаа во поплавите што го зафатија Истанбул по обилните врнежи во средата. Меѓу жртвите е 14-годишно момче кое починало од струен удар, додека 34-годишно лице го загубило животот откако паднало во надојдената вода и не успеало самостојно да се извлече.
Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Истанбул, при што животот го загуби 14-годишно момче откако го удри струја во поплавената вода, додека 34-годишно лице го загубило животот откако паднало во надојдената вода и не успеало самостојно да се извлече.
Страшна трагедија се случила во Истанбул, каде што 14-годишно момче го загубило животот од струен удар откако за време на силно невреме згазнало во локва вода. Несреќата се случила во населбата Балат, во истанбулската општина Фатих, во близина на паркот Чукур Бостан.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул нареди затворање на училиштата, одобри отсуство за одредени вработени во јавниот сектор и ги повика граѓаните да останат дома, откако обилните врнежи денеска предизвикаа поплави низ градот.