„Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш мијте ја со шампон. Но доколку ја миете секој ден, тогаш користете само регенератор или маска за коса без шампонирање“, вели Александар Миндев кој 11 години работи како професионален шминкер и фризер.
Косата по пливањето во морето изгледа природно брановидна и опуштена, но многу луѓе се прашуваат дали морската вода е добра за косата или ја суши и оштетува со текот на времето. Вистина е дека морската сол може да ја исуши косата.