Постојат две суштински различни форми на моќ. Едната се потпира на разумот, знаењето, убедувањето и способноста да се слушне другиот. Другата се потпира на стравот, притисокот, заканата и голата сила. Првата се обидува да го придобие човекот. Втората настојува да го покори.
Дали навистина е важно кој пратеник испаднал „поголем маж“ со тоа што го надмудрил другиот со навреда? Дали граѓаните ги испратиле пратениците во Собранието за да гледаат кој е поголем фраер, кој е погласен и кој ќе смисли погруба квалификација за политичкиот противник? Или, ...