Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово одржа состанок на кој беше разгледана актуелната состојба со депонијата „Краста“, при што беа утврдени дополнителни мерки за нејзино деблокирање, непречено одлагање на сметот и спречување на можни последици по здравјето ...
Ѓубрето од Куманово почна да се депонира на депонијата „Дрисла“ во Скопје. Како што изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ваквото решение е привремено, додека не се реши проблемот со блокадата на депонијата „Краста“.
Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста. Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, ...
Според градоначалникот Димитриевски, кој денеска се сретна со жителите од околните села кои протестираат, трајното решение на проблемот со депонијата „Краста“ треба да се обезбеди преку изградба на претоварна станица и воспоставување регионален систем за преработка и управување ...