Во депоата на македонскиот Државен архив се чува скицата за нападот на партизанска група врз тогашната бугарска полициска управа, направена од страна на нивните службеници утредента по нападот на група партизани од одредот „Гоце Делчев“.
Досега необјавена скица, изработена од бугарските окупациски власти непосредно по нападот на полицискиот участок во Прилеп на 11 октомври 1941 година, открива нови детали за почетокот на вооруженото антифашистичко востание во Македонија.
Постојат датуми што со текот на времето се претвораат во празнични формули. Ги повторуваме секоја година, ги гледаме на календарот, слушаме говори, положуваме цвеќе и мислиме дека приказната веќе ја знаеме. А потоа, осум и пол децении подоцна, од некоја архивска кутија ќе се ...