TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Стив“ и „Кузман“ стануваат штедливи згради

Bloomberg Adria - пред: 2 часа

Најверојатно ќе требаат години за поврат на финансиската инвестиција во проектите за реновирање на македонските студентски домови и ресурсни центри, иако по години, па и децении во кои македонската иднина живееше во мизерија, исплатливоста нема цена пред достоинството.

ЕУ и KfW со милионска поддршка за модернизација на студентските домови

Бизнис Вести - пред: 14 часа

Реконструкцијата на студентските домови во Северна Македонија е дел од пошироката зелена трансформација поддржана од Европската Унија и германската развојна соработка, а вкупната финансиска рамка за проектот во моментов изнесува околу 85,56 милиони евра, со очекување конечната ...

ЕУ со милионска поддршка за нов стандард во студентските домови

24 Вести - пред: 16 часа

Европски пари за нов изглед и нов стандард во студентските домови. Дотраените објекти низ земјава се реконструираат од темел, со фокус на подобри услови за студентите и значително помала потрошувачка на енергија.

Студентските домови и ресурсни центри се обновуваат од темел: До 2031 година со европска поддршка нови, современи и енергетски ефикасни домови низ земјава

Независен - 10.09.2026

Медиумската студиска тура и работилницата ги организира Развојната банка KfW, заедно со Министерството за образование и наука и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Скопје / Охрид — Македонските новинари ги видоа резултатите од проектот „Енергетски ефикасна ...

СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ И РЕСУРСНИ ЦЕНТРИ СЕ ОБНОВУВААТ ОД ТЕМЕЛ: ДО 2031 ГОДИНА СО ЕВРОПСКА ПОДДРШКА НОВИ, СОВРЕМЕНИ И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ НИЗ ЗЕМЈАВА

Бизнис Вести - 10.09.2026

Македонските новинари ги видоа резултатите од проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и ресурсните центри во Северна Македонија“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западен Балкан и преку ...

За реновирање 85 милиони евра, студентските домови ќе штедат 56 отсто енергија

Слободен Печат - пред: 21 часа

Целта е повеќе од 5.000 студенти и ученици да добијат услови што повеќе ќе личат на современ студентски и ученички стандард, а помалку на старите домови што со години се крпат и се поправаат. Студентските домови во Македонија повеќе нема да останат само со козметички поправки.

Од дотраени соби до достоинствен живот: 85,56 милиони евра за обнова на студентските домови

Паноптикум - пред: 7 часа

9 државни студентски домови, 6 ресурсни центри за ученици со попреченост и еден ученички дом треба темелно да бидат обновени до крајот на 2031 година. Проектот, вреден 85,56 милиони евра треба да обезбеди подобри услови за повеќе од 5.000 студенти и ученици, но и значително да ...