Македонските претставници во првото коло од квалификациите од Конференциската лига ги добија ривалите на стартот од натпреварувањето. Освојувачот на Купот на Македонија Силекс од Кратово во првиот натпревар ќе гостува кај Динамо Минск, додека реваншот ќе го играат како домаќини ...
Сега веќе е јасно дека Шкендија и Силекс своите мечеви во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе ги играат против Европа (Гибралтар) и Динамо Минск (Белорусија). На првите мечеви нашите екипи ќе гостуваат, а на 16 јули реваншите ќе ги играат во Скопје.
Откако претходно УЕФА го скрати списокот на потенцијални противници на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите , европската куќа на фудбалот ги објави и можните ривали на македонските претставници во Конференциската лига.