Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и испорака на учебници, кои се испечатени и доставени до сите училишта.
Почетокот на учебната година веќе е позади, а илјадници ученици сѐ уште немаат учебници. СДСМ ја повикува министерката Весна Јаневска да поднесе оставка поради неспособноста да ги обезбеди основните услови за образование.
Иако учебната 2025/2026 година почна пред повеќе од две недели, голем број училишта сè уште немаат доволен број учебници за сите ученици. Недостигот е присутен на ниво на целата држава, па дел од децата наставата ја следат без книги.
Во одговор на прес-конференцијата на СДСМ, Министерството за образование и наука (МОН) истакнува дека систематски го има решено прашањето за набавка и дистрибуција на учебници, кои се отпечатени и доставени до сите училишта.