На сините фармерки секогаш им се навраќаме, но оваа есен една друга боја се наметнува како сериозна конкуренција. Станува збор за таканаречените smoky фармерки — модели во димносиви нијанси што ја задржуваат опуштеноста на класичниот тексас, но изгледаат пософистицирано.
Фармерките се едно од најпрактичните парчиња во гардеробата, но не секој модел ни прилега подеднакво добро. Некои се премногу тесни во колковите, други не одговараат во половината, а кај трети проблем е должината.