Џани Инфантино, 56-годишниот претседател на ФИФА, изјави дека Меѓународната фудбалска федерација ќе анализира и ќе разгледа дали новината со паузите во текот на полувремето ќе продолжи да се практикува и на идните Светски првенства.
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, рече дека ќе се разгледува можноста паузите за освежување да останат и на идните светски првенства, и покрај критиките поради дополнителните прекини.
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изјави дека паузите за хидратација многу повеќе го нарушуваат ритамот на играта отколку што очекувал. ФИФА воведе две дополнителни паузи на средината од двете полувремиња поради високите температури, а оваа мерка беше ...