Крсте Крстев веќе нема да го предводи Осогово. Искусниот тренер поднесе неотповиклива оставка по ремито 1-1 против Еуромилк Горно Лисиче, преземајќи ја одговорноста за слабите резултати на кочанскиот второлигаш на почетокот од сезоната.
По ремито на свој терен во Кочани против Еуромилк со резултат 1:1, шефот на струката на Осогово, Крсте Крстев си поднесе неотповиклива оставка. Па така сега раководството на второлигашот од Кочани остана без тренер и ќе мора да бара решение.