Цените на нафтата на светските берзи бележат пад откако посредниците Катар и Пакистан соопштија дека американските и иранските претставници постигнале согласност за план со кој треба да се дојде до конечен договор во рок од 60 дена.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор со Иран што треба да доведе до повторно отворање на Ормускиот теснец – една од најважните светски енергетски рути низ која поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта и гас.
Падот на цените на нафтата би можел да обезбеди огромен ветер во едрата за глобалните берзи, предизвикувајќи поширок раст на акциите и отворајќи пат за централните банки да ги намалат каматните стапки, изјави во понеделник Карен Ворд, главен пазарен стратег за EMEA во JPMorgan ...
Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и Иран постигнаа договор за рамката на преговорите за завршување на војната и најавија отворање на Ормутскиот Теснец.
Цените на гасот во Европа значително паднаа откако Иран и САД се согласија за текстот на меморандумот за разбирање за ставање крај на војната и најавија отворање на Ормутскиот теснец по потпишувањето на документот.