Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“, велат од СДСМ. „Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог. Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски и СДСМ влегоа во нова остра политичка полемика ден по одбележувањето на 35-годишнината од независноста, по неговата порака дека ако едно општество го наградува „талогот“, тој неизбежно ќе стане елита.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешна прес-конференција упати остри критики за вчерашното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста, обвинувајќи дека наместо пораки за единство, повторно била активирана кампања за поделби.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на критиките од СДСМ и Венко Филипче во врска со говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 8 Септември, оценувајќи дека тие сами се препознале во зборовите на премиерот.
Соопштение за јавност на СДСМ: Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог”, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.