Додека младиот Андреа Кими Антонели руши рекорди за најмлад возач со историски остварувања, Луис Хамилтон веќе се пробива во табелите за највозрасни пилоти со врвни резултати. Со блескава изведба во Барселона, Британецот ја запиша својата прва победа со Ферари и истовремено ...
Луис Хамилтон има 106 победи во богатата Формула 1 кариера, но денешната му беше посебна, прва во болидот на Ферари, тим за кој вози од лани. Емоциите го совладаа Хамилтон, па тој се расплака додека ги слушаше химните.
Седмата рунда од возбудливиот шампионат во Формула 1 ни донесе еден од најнепредвидливите натпревари сезонава. На култната патека Барселона-Каталуња, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон извојува застрашувачки моќна и брилијантна прва победа зад воланот на Ферари.