Втор ден натпревари во ,,Б” дивизијата на Европскиот кадетски кошаркарски шампионат, што се одржува во Гевгелија и Скопје. По вчерашната победа над Кипар, македонската кошаркарска селекција денеска ќе игра против репрезентацијата на Исланд.
Македонската кадетска машка репрезентација на најдобар можен начин го отвори Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите надежи своите мечеви ги играат во салата „26 април“ во Гевгелија, а на стартот запишаа убедлива победа над Кипар од 63-82.
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.
Македонија е подготвена за почетокот на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за кошаркари до 16 години, кое од денеска до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција.