Српските медиуми пишуваат дека денеска, нешто по 13 часот, во градот Србобран (Војводина) на улицата „Бранислав Нушиќ“, се случи сообраќајна несреќа во која загина едно лице. На местото на настанот пристигнаа полицијата, брзата помош и пожарникарите.
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу пладне на Темеринската улица во Нови Сад, при што тешко е повредена 62-годишна жена. Според првичните информации, жената ја преминувала улицата кога во неа удрил автомобил управуван од маж.