Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година.
Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи а дизелот достигна 101.50 денари за литар. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%.
Возачите повторно се соочуваат со повисоки цени на бензинските пумпи, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова корекција на максималните малопродажни цени на горивата. Најголемото поскапување е кај дизелот, кој поскапува за 6,50 денари за литар и достигнува цена ...