Иранските претставници многу јасно зборуваа за сериозноста во одбраната на иранската територија и ние нема да правиме никакви отстапки во однос на агресорите, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Постојат информации што потврдуваат дека неколку американски авиони за полнење гориво ја напуштиле територијата на Бугарија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, на прес-конференција, цитирана од бирото на АПА во Техеран.
Техеран денеска повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволи нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.