Доналд и Меланија Трамп ја избегнаа церемонијата на која Џо Бајден беше устоличен во нов претседател на САД и неколку часа порано го напуштија Вашингтон и заминаа за Флорида, пренесува „Инсајдер“.
Доналд и Меланија Трамп пристигнаа на Флорида откако ја напуштиле Белата куќа, а Меланија е фотографирана во елегантен фустан во светли бои на модната марка Гучи веднаш по излегувањето од авионот, пишува Footwearnews.
Меланија Трамп беше една од оние за кои вчера најмногу се зборуваше на Твитер. Поранешната прва дама и нејзиниот сопруг одлетаа од Вашингтон за Флорида, а веднаш по слетувањето таа, поради нејзиниот потег, стана хит на Твитер.