Бока Јуниорс се врати на шампионскиот трон во Аргентина на најдраматичен можен начин. Гигантот од Буенос Аирес ја совлада Дефенса и Хустисија со 1-0 на „Ла Бомбонера“ и ја освои шампионската титула за 2026 година, откако го заврши годинашното првенство на првото место.
Бока Јуниорс го освои шампионатот на Аргентина со победа во последното коло. Победата на Бока против Дефенса и Хустисија (1:0) ја донесе 37-годишниот Енер Валенсија во 96-та минута, предизвикувајќи огромна радост на „Ла Бомбонера“. Ова е 36-та шампионска титула за Бока Јуниорс .