Рускиот сервис за онлајн повикување на такси превоз Yandex.Taxi веќе може да се користи и за повикување на возила во Белград. Корисниците може да ги користат iOS и Android апликациите за да си повикаат такси возила.
Во Белград се појави најголемиот руски онлајн сервис за нарачување такси – Yandex.Taxi, со што Србија стана една од 11-те земји во кои дошол рускиот ИТ гигант и прва земја во централна Европа.