Изборниот успех на германската крајнодесничарска партија во Саксонија-Анхалт ја отвори дилемата дали станува збор за регионален резултат или пресврт што може да ја промени германската и европската политика Победата на Алтернативата за Германија (AfD) на регионалните избори во ...
Скопско Ехо - Слободен Печат - Скопје1 - Deutsche Welle - Deutsche Welle - Трн
Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, покажуваат прелиминарните резултати.
Американскиот милијардер Елон Маск денес ѝ честиташе на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за победата на покраинските избори одржани во Саксонија-Анхалт во неделата, откако отворено ја поддржа партијата за време на кампањата.
Во источногерманската сојузна покраина Саксонија-Анхалт утрово се отворени избирачките места, на кои околу 1,7 милиони гласачи избираат нов состав на покраинскиот парламент. Според последните анкети, се очекува убедлива победа на десничарската Алтернатива за Германија (АфД).