Општина Куманово и Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска потпишале Меморандум за соработка, со кој дополнително се зајакнува партнерството меѓу двете институции, а во прв план е ставено организирањето на Суперкупот на Македонија.
Куманово станува еден од главните центри на македонската кошарка. Општината и Кошаркарската федерација на Македонија денеска направија важен чекор кон продлабочување на соработката, откако градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на КФМ Томе Главчев потпишаа ...
Куманово ќе биде домаќин на Суперкупот на Македонија во машка и женска сениорска конкуренција, кој е предвидено да се одржи на 26 или 27 септември годинава, а градот ќе ги организира и завршните натпревари од Купот на Македонија во 2027 и 2028 година.