Државата мора итно да излезе на терен и да провери што се случува на откупните пунктови. Земјоделците бараат да се почитуваат договорените откупни цени и да се стави крај на ситуацијата во која нивниот труд и род завршуваат под трактор наместо на пазар.
Револт на македонските ниви – наместо на откупните пунктови, дел од пиперките завршуваат под тракторите. Земјоделците почнаа да го уништуваат сопствениот род, откако откупната цена на пиперката падна на само 15 денари за килограм.