Со благослов од Бигорскиот манастир, коњаницата „Патот на Црешовото топче“ денеска го продолжи својот традиционален марш кон Крушево, во пресрет на големиот национален и православен празник Илинден. Околу триесет коњаници пристигнаа во манастирот „Свети Јован Крстител“, каде што ...
На учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш првата дестинација вечерва им е населбата Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и Велес. Претходно продефилираа низ Општина Аеродром.
Вкупно 35 коњаници од Горно Лисиче вечерва го започнаа својот пат кон Крушево во рамки на 48-от Традиционален Илинденски коњички марш. Тие на празникот Илинден ќе им оддадат почит на хероите кои ги вградија своите животи во темелите на македонската државност.
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, во 18 часот ќе тргнат од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, продолжувајќи ја долгогодишната традиција што се одржува во чест на Илинден и хероите од македонската историја.
Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден.