Откако Пелистер 2 го комплетираше стручниот тим и за прв тренер беше поставен, Бранко Ангеловски, а негов асистент Фарук Мемиќ, од таборот на битолчани продолжија со градење на составот за новата сезона. Божидар Илиески е нов играч на Еурофарм Пелистер 2.
Младиот Кристијан Симоноски одлучи својата кариера да ја продолжи во Битола и потпиша за Еурофарм Пелистер 2, каде во новата сезона ќе биде дел од тимот што ќе го води Бранислав Ангеловски. Симоноски доаѓа од Автокоманда, клубот каде играше на домашна и европска сцена.