Најновите годишни извештаи на Државниот завод за статистика на Македонија откриваат поразителен факт: во земјава годишно се создаваат околу 878.303 тони комунален отпад (или околу 503 килограми по жител), од кои дури 99,8% завршуваат директно на депониите.
Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.