Фацијалните експерсии јасно укажуваа на големо разочарување кај Ламин Јамал откако „Златната топка“ заврши во рацете на Хари Кејн, епилог во кој дефинитивно не се надеваше младата ѕвезда на Барселона која пристапи со огромна доза на самодоверба на церемонијата во Лондон.
Во Лондон, со задоцнување од 45 минути, започна церемонијата на доделувањето на Златната топка. Според програмата, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот ќе биде доделена во 23.30 часот по македонско време.
Чудото од дете на Барселона, Ламин Јамал, испиша нова страница во фудбалската историја. Деветнаесетгодишниот Шпанец ја освои наградата за најдобар млад играч во светот за 2026 година, станувајќи првиот фудбалер кој успеал да го подигне ова престижно признание три години по ред.