Државите од Европската унија годинава потрошиле 17,9 милијарди евра за да ги заштитат домаќинствата и компаниите од последиците на високите цени на нафтата и гасот. Европската комисија сега бара помошта да биде попрецизно насочена и да не се претвора во долгорочен товар за ...
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони , ја повикува Европската комисија да им дозволи на земјите да трошат повеќе и со тоа да им помогнат на семејствата и компаниите поради инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата.
Европа се соочува со тешка зима со многу високи цени на енергијата, нагласија надлежниот европски комесар Дан Јоргенсен и шефот на Меѓународната агенција за енергија Фатих Бирол во Даблин на маргините на состанокот на министрите за енергија на ЕУ.
Европската унија во моментов не се соочува со непосредна опасност од недостиг на енергија, но високите цени би можеле да ја направат претстојната зима особено тешка за милиони европски домаќинства, предупреди европскиот комесар за енергија, Ден Јергенсен.