Од 07:40 часот е во прекин сообраќајот за товарни моторни возила (ТМВ) на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп . Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози . Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
На Граничниот премин Богородица претпладнево се бележи зголемена фреквенција на возила, додека на останатите премини нема подолги задржувања. Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, состојбата на граничните премини е стабилна.
На Граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од Македонија претпладнево е од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.