Ретко кој родител не го доживеал ова: детето плаче, ручекот гори, а телефонот со цртани е најбрзото решение. Екраните се дел од денешното детство и тешко е да се избегнат. Но стручњаците имаат прилично јасни препораки колку е доволно, а колку премногу.
Еден ден без мобилни телефони, таблети, компјутери и конзоли за игри звучи едноставно, но може да покаже колку дигиталните уреди станале дел од нашето секојдневие – и колку често поради нив ги прекинуваме моментите поминати со најблиските.
Предолгото гледање во екран од премала оддалеченост може да го зголеми ризикот од кратковидост, замор на очите, главоболки и сувост. Офталмолозите објаснуваат колку треба да биде оддалечен екранот и кои навики можат да помогнат во зачувувањето на детскиот вид.