Германија стана главен противник во „војна од сенка“ со Русија и се соочува со ризик да биде вовлечена во конфликт поради растечките воени амбиции на Кремљ, изјави Мартин Јегер, шеф на германската Федерална разузнавачка служба (БНД).
Заканата од руски напади врз германски цели останува реална и постои ризик Германија да се најде во насилен конфликт со Русија, изјави шефот на германското надворешно разузнавање Мартин Јегер на сослушување во Бундестагот, цитиран од британските медиуми.
Русија води хибридна кампања со кибернапади и напади со беспилотни летала, тврди првиот човек на германското разузнавање. Германија се соочува со ризик од насилен конфликт со Русија бидејќи Москва ја интензивира својата хибридна војна против европските демократии – предупреди ...