Силното невреме што попладнево го погоди Скопје, го смени описот на Градскиот парк. Зеленото обележје на главниот град е целосно опустошено. Силните налети на ветер ги соборија старите јаворови дрвја по кои беше препознатлив паркот и кои беа негов украс.
Макфакс - 360 степени - Слободен Печат - Вечер Прес - Скопје инфо - 4NEWS
Читател на „Слободен печат“ ни испрати снимка од невремето кое попладнево направи пустош во Скопје, на која се гледа како дрво кое паѓа за милиметар промашува автомобил кој се движел по улица во населбата Стар Аеродром.
Press24 - 4NEWS - Трн - Паноптикум - Паноптикум - Булевар
Силното невреме што попладнево го погоди Скопје предизвика сериозни штети на повеќе локации. Силниот ветер откорна дел од покрив, кој за само неколку секунди падна директно врз возило. Имало 1.000 повици за интервеници до надлежните. Невреме имаше и во Куманово.
Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Клиниката за хируршки болести ...
Трн - Нова Македонија - Скопје инфо - ТВ21 - Фактор - iNFOMAX
Поради состојбата, повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа службите за заштита и спасување. Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика материјални штети во повеќе делови од градот.
Во Центар - Во Центар - Скопско Ехо - Press24 - Прва Скопска
Силно невреме со бурни налети на ветер денеска го зафати Скопје, по што екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека булеварите се проодни, а во тек е расчистување на паднатите дрвја и гранки.
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ ...
Повеќе од 8.300 повици биле примени на Единствениот број за итни случаи 112 во периодот од 17:00 до 21:00 часот, откако силно невреме го зафати Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека операторите работеле со полн капацитет, а уште во првиот ...
Се надеваме дека немаме повредени луѓе, засега информациите кажуваат дека повредени нема, барем засега. Во името на Општината направивме неколку тимови, ги имаме критичните места, ќе дејствуваме секаде, вели градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски Силното невреме кое зафати ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер синоќа зафати повеќе општини во Македонија, предизвикувајќи материјални штети и проблеми во сообраќајот. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде беа урнати дрвја, бандери и оштетени електрични ...
Трн - +инфо - Либертас - Прва Скопска - iNFOMAX
Од невремето што го зафати Скопје откорнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број паднати дрва во општина Гази Баба, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на Фејсбук.
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен.
По силното невреме со обилни врнежи од дожд и ветер што го зафати Делчево, од синоќа по 19 часот, градот остана без струја, како и со многу пријавени штети кои санираа до доцна во ноќта. Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета ...
Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на ...
Градоначалникот на општина Дојран во обајва на социјалните мрежи соопшти во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излгле на терен се работи на расчистување на падантите дрвја и причинетите штети Силното невреме ...
Независен - Економија и Бизнис - Слободен Печат - Либертас - 24Инфо - Зелена берза
Силен ветер попладнево го зафати Скопје. Иако траеше кратко, сепак успеа да направи штети. Во скопската населба Карпош 3, две огромни дрвја беа откорнати од корен по силниот удар на ветер, проследен со краток но интензивен дожд.