„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече..“ – вака родителите на загинатите деца во „Пулс“ на 16 март 2025 реагираат на најавата од Кривичниот суд дека првообвинетиот Дејан Јованов, согласно законот излегува од притвор на трети октомври.
Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече, порачуваат родителите на загинатите млади во кочанската трагедија по веста дека на почетокот на октомври Дејан Јованов – Деко, газдата на дивата дискотека „Пулс“ излегува од притвор.
„На 3 октомври Дејан Јованов – Деко, сопственикот на „Пулс“ ќе излезе од притвор исцрпувајќи го законскиот рок во кој оваа мерка може да трае по оценката на обвинението. Судењето, пак, продолжува до неедоглед. Значи, најстрогата процесна мерка стигна до својот законски крај пред ...
Сопственикот на импровизираната дискотека „Пулс“ од Кочани, во која загинаа 63 луѓе во катастрофалниот пожар лани, ќе излезе од притвор идниот месец, потврдиле за „ Телма “ од Кривичниот суд, објаснувајќи дека последното продолжување на притворот, според законските прописи, трае ...