Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен имот вреден преку 335 илјади евра како гаранција. Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат, велат од ВЛЕН.
Како што појаснуваат од Кривичен, согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, што се случи на 13 август Поради околноста со ...
Поради загрозена безбедност поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, , наместо во затворски, заврши во куќен притвор, откако се предаде по 14 месеци бегство. Јавноста никогаш не дозна кој и зошто ја загрозувал неговата безбедност.
Гаранција во недвижен имот вреден 335.707 евра е понудена за укинување на дополнителната мерка на претпазливост за А.Г., второобвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Предлогот е доставен од неговата одбрана до Основниот кривичен суд Скопје.
Мерката куќен притвор за Артан Груби ќе истече на 13 октомври по сила на закон, информира Кривичниот суд. Обвинителниот предлог во предметот бил поднесен на 13 август, а согласно Законот за кривичната постапка, притворот во вакви случаи може да трае најмногу 60 дена од денот на ...