Индустриското производство во јуни годинава бележи раст од 6,5 отсто, додека во вториот квартал растот изнесува 4 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика.
И државниот долг продолжува да се намалува Позитивниот тренд е видлив и кај државниот долг. Според официјалните податоци, заклучно со 30 јуни 2026 година , државниот долг изнесува 9,432 милијарди евра , односно 51,7 проценти од БДП .
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во ...