СДСМ преку соопштение бара Владата да ги прифати нивните предлози за целосно укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на пет отсто, оценувајќи дека со овие две мерки граѓаните би добиле значително поголема заштеда.
Цената на горивата во Македонија е меѓу најниските во Европа, а владините мерки во следните две недели ќе значат директна заштеда за граѓаните од меѓу 4 и 4,5 милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Македонската радио-телевизија.
Без намалувањето на ДДВ-то и акцизата, дизелот ќе беше поскап за 11,5 денари по литар, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од Табановце. Мицкоски посочи дека одлуките за намалување на ДДВ и акцизата директно влијаат врз крајната цена на горивата, при што нагласи дека без ...