Месецов Никол Кидман беше на одмор во Портофино, Италија и иако отишла со нејзините ќерки, голем дел од времето помина во друштво на богат бизнисмен. На папарацо фотките, актерката не ја тргна насмевката од лицето додека ужива во миговите со новиот партнер.
Само седум месеци по разводот од музичарот Кит Урбан , холивудската актерка Никол Кидман повторно го привлече вниманието на јавноста, откако беше фотографирана во друштво на американскиот бизнисмен Мајкл Рајнштајн за време на одморот во Италија.