Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече повлекувањето на последните американски коалициски трупи од Ирак „победа за САД“. „Денеска е победа за САД, победа за Ирак и решителна победа над Исламската држава“, напиша Трамп на Truth Social.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили целосно го напуштиле Ирак, нарекувајќи го тоа „одличен ден за Америка“ и истакнувајќи дека Ирак сега има „одличен нов премиер“, Али Ал Заиди.
Последните американски војници треба да го напуштат Ирак денес според договорот меѓу Багдад и Вашингтон, потег што го поздравија групите поддржани од Иран. Американските трупи го нападнаа Ирак во 2003 година за да го соборат Садам Хусеин и ја напуштија земјата во 2011 година.
Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи.