Денеска градежната оператива ја асфалтира улицата „Козара“ која е дел од проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом. Претходно беше направена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, што беше финансирано од Министерството за транспорт.
Изградбата на нов паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денеска се асфалтираше површина од 1.100 квадратни метри, со што проектот е чекор поблиску до неговото комплетно завршување.
Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата СТУ9 АРМ Четврт 3.