Министерството за образование и наука соопшти дека комисијата извршила проверки во повеќе високообразовни и научни установи и утврдила неправилности што веќе довеле до затворање институти и до пријави кај надлежните органи.
Прва Скопска - Радио МОФ - Трн
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности.
Од неисполнети услови за научници до немање програма. Ова се дел од недостатоците кои комисијата при Министерството за образование ги утврдила кај 18 институти кои беа затворени од страна на министерството. Кај универзитетите, пак, имало пријава кајшто студентка во еден ден ...