Забележано од страна на еден од корисниците кои редовно следат вакви работи, Facebook и Instagram имаат започнато со тестирање на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да ги исклучат целосно известувањата од апликацијата.
Од 2.085.051 жители на Македонија, 1.583.315 имаат пристап до интернет, вели Internet World Stats . Ова е 75,9 од вкупното население во Македонија . Ова претставува пораст од околу 80.000 нови корисници во последните 9 месеци.
Facebook објави дека пронашол нов „баг“ во својот систем. Тој бил активен помеѓу 29-ти мај и 5-ти јуни оваа година, што резултирал со деблокирање на луѓе, кои претходно биле блокирани од страна на корисникот, објави TechRadar.