Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски и натаму е во фокусот на јавноста. После завршување на сезоната лидерот на Пелистер се уште нема да донесено одлука дали ќе остане во Битола или пак ќе замина надвор од Македонија.
Филип Кузмановски се одлучи да заигра за Кувајт Клуб на претстојниот Азиски турнир кој ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт, каде неговиот клуб ќе биде сместен во групата Б со: Ал-Араби од Катар, Ал-Најма од Бахреин, Ал-Калејџ од Саудиска Арабија.