Во Македонија годинава досега има четири смртни случаи од западно-нилска треска. Како што од Институтот за јавно здравје, кај сите, е регистрирана невроинвазивна болест – енцефалитис и/или менингитис. Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
Проверено - Фокус - Трн - Нова Македонија - еМагазин - Во Центар
Каде се размножуваат комарците во Скопје, каква е разликата меѓу ларвицидна и терестрична дезинсекција, и дали авионското прскање реално функционира. Во Македонија годинава се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се водат како веројатни.
Во меѓувреме, додека граѓаните се занимаваат со самозаштита, во општините особено во населбите што се лоцирани како жаришта се спроведуваат вонредни дезинфекции, а деновиве по 13-ти пат се прскаше и на целата територија на град Скопје.
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста.
Колегиум - Проверено - Мета - Журнал - Сакам да кажам - 24Инфо
Цана посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.
iNFOMAX - Во Центар - Нова Македонија - ТВ21 - 360 степени - Скопје1