„Американскиот непријател денеска нападна три објекти во Бушер“, изјави градоначалникот Мохамад Мозафари. Пристанишниот град Бушер, каде се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, денеска беше цел на нови американски напади, објавија иранските медиуми.
Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) истрела балистички ракети насочени кон американска воздухопловна база лоцирана во Јордан. Локалните власти во Аман експресно потврдија дека нивната одбрана пресретнала и соборила четири ирански проектили во својот воздушен простор, ...
Нов бран американски воздушни напади попладнево ја потресе стратешката зона на Ормускиот Теснец. Иранските медиуми јавуваат за силни детонации на островот Кешм, со што дополнително се разгоруваат воените тензии меѓу Вашингтон и Техеран во овој дел од светот.
– Властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад. – Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства ...