TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кикбоксерите тргнаа во поход по медали, двајца на чекор до одличје на СП во Италија

Вечер Прес - пред: 5 часа

Македонските кикбоксери имаа прилично успешен ден на Светското јуниорско првенство во Лидо ди Јесоло, Италија. Нашите репрезентативци забележаа три победи и три порази, а двајца од нив продолжуваат во борбата за медал.

Три победи за македонските кикбоскери на Светското првенство за јуниори (ФОТО)

IPON - пред: 23 часа

Билансот од денешните настапи на Светското јуниорско првенство во кик бокс во Лидо де Јесоло, Италија, за македонските кикбоксери е 3-3, односно нашите репрезентативци забележаа три победио и три порази На победи се радуваа Милан Нешевски, Глигор Николов и Марко Баснаров, додека ...

Три победи во шест меча за кик бокс експедицијата на Македонија на светското во Италија

SportSport - пред: 22 часа

Македонската кикбокс репрезентација забележа половичен успех со три победи и три порази на првиот натпреварувачки ден од Светското јуниорско првенство во Лидо ди Језоло, Италија. ​Милан Нешевски оствари импресивна победа во ринг дисциплините, совладувајќи го Португалецот Мартим ...

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс

Скопје1 - пред: 22 часа

Македонската кик-бокс репрезентација со три победи и три порази го заврши првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во Лидо ди Језоло, Италија. Милан Нешевски имаше одличен настап и до победата стигна уште во првата рунда, откако борбата беше прекината.

Милан Нешевски го нокаутира Серето во првата рунда на Светското кик бокс првенство (ФОТО)

IPON - 21.09.2026

Почетокот на Светското јуниорско првенство во Лидо де Јесоло, Италија, е ветувачко за македонските кикбоксери откако во првиот настап нашиот репрезентативец Милан Нешевски ја доби средбата со Мартим Серето од Португалија со прекин во првата рунда.

Деветнаесет Македонци ќе бркаат светско злато во Италија

Вечер Прес - 21.09.2026

Објавени се ждрепката и распоредот на борбите за првиот ден од Светското првенство во кикбокс, кое се одржува во Лидо ди Јесоло, Италија. Македонската репрезентација веќе ги дозна противниците на дел од своите натпреварувачи, а стручниот штаб веќе ги подготвува тактиките и ...

Шестмина кикбоксери ги почнуваат борбите на Севтското првенство за јуниори

IPON - 21.09.2026

Вчера се направи свеченото отворање на Светското превснтво во кик бокс за постари кадети и јуниори во Лидо де Јесоло, Италија, а денес почнуваат натпреварите, при што на борилиштата ќе се појават шестмина репрезентативци: Драган Пнадев, Димитар Јачев, Марко Баснарков, Милан ...

Познати противниците на кибоксерите на Светското првенство за јуниори, некои се на чекор до медали

IPON - 20.09.2026

Македонските кикбоксери ги добија противниоците на Светското јуниорско првенство во организација ВАКО во Лидо де Јесоло, Италија. Според жребот, неколку наши репрезентативци се на чекор до медал, а еден може да се бори и за финале.