На празникот на светиот пророк Илија – Илинден, кога Македонија го одбележува и Денот на Републиката, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света архиерејска литургија во храмот „Свети Илија“ во скопската населба Аеродром.
Во фокусот на илинденското послание на архиепископот Стефан е повикот за враќање кон верата, правдата, честа и достоинството. Поглаварот на МПЦ-ОА порача дека само обединет народ, кој ќе ги надмине поделбите и ќе гради меѓусебна доверба, може да ги зачува својата слобода, ...
Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг ...